Потврдено постоење на атмосфера на далечна „супер-Земја“

Во 2015-та, астрономите откриле интригантна екстрасоларна планета лоцирана во ѕвезден систем оддалечен 29 светлосни години од Земјата. Оваа планета слична на Венера, позната како GJ 1132b, се чинело дека е доволно студена за да има атмосфера.

Сега, благодарејќи на напорите на интернационален тим истражувачи, постоењето на атмосфера околу оваа планета е потврдено, со што GJ 1132b сега засега е најдалечната планета слична на Земјата за која е познато дека ја има.

Користејќи ја алатката за снимање GROND на 2.2 метарскиот ESO/MPG телескоп од Ла Сила Опсерваторијата, тимот ја набљудувал GJ1132b во 7 бранови должини додека транзитирала пред матичната ѕвезда. Тие забележале дека во една од овие бранови должини – поточно инфрацрвената (IR) – планетата изгледала поголема. Тоа индицирало дека таа има голема атмосфера околу неа која овозможува поголем дел од светлината од ѕвездата да помине низ неа, која не е проѕирна на една бранова должина.

Потоа членовите на тимот од Кембриџ Универзитетот направиле симулации за да видат каква би можела да е композицијата на атмосферата, при што било заклучено дека најверојатно се работи за дебел слој богат со вода и/или метан.

Со тоа што можеме да одредиме дали некоја планета има атмосфера, сме на чекор поблиску до тоа да процениме дали егзопланетата има можност за живеење на неа.

Во иднина, GJ1132b се очекува да има висок приоритет за истражување со Хабл телескопот, VLT (Very Large Telescope), но и со идната генерација на телескопи каков што е Џејмс Веб телескопот кој треба да се лансира во 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...