Дупло повеќе масивни црни дупки во Универзумот?!

Ново откритие потенцијално го дуплирало бројот на супермасивни црни дупки за кои астрономите сметале дека постојат во нашиот Универзум.

Ваквите црни дупки се сметало дека се наоѓаат во центар на сите големи галаксии, како што е нашиот Млечен Пат. Сега, нова студија сугерира дека тие може да се во центарот и на сите џуџести галаксии.

Сè започнало пред 3 години, кога астрономите од Универзитетот во Јута откриле супермасивна црна дупка во ултра-компактна џуџеста галаксија.

Од тогаш навака, таа е најмалечката позната галаксија која „вдомува“ црна дупка, но сега истиот тим пронашол уште две џуџести галаксии со супермасивни црни дупки, сугерирајќи дека ова „спарување“ и не е толку невообичаено како што се сметало.

Со скоро 7 трилиони џуџести галаксии во видливиот универзум, тоа значи дека супермасивните црни дупки се многу повеќе застапени отколку што досега се мислело. Што е уште по импресивно, овие откритија откриваат дека и покрај нивната големина, овие џуџести галаксии содржат црни дупки поголеми од онаа во нашата галаксија, иако имаат само 0.1% од нејзината големина.

Кога астрономите за првпат ги откриле ултра-компактните џуџести галаксии во 1990-тите, забележале нешто чудно – дека имаат многу поголема маса отколку што би требало во однос на тоа колку ѕвезди содржат. Новата студија дава одговор на таа мистерија – дека супермасивните црни дупки се одговорни за таа додатна маса.

Користејќи адаптивна оптика (техника која овозможува галаксиите подобро да се фокусираат), истражувачите измериле две ултра-компактни џуџести галаксии – VUCD3 и M59cO, и откриле дека црната дупка во VUCD3 зафаќала 13% од тоталната маса на галаксијата, додека онаа во M59cO зафаќала 18%.

Ова откритие ја негира идејата дека џуџестите галаксии се само масивни кластери од ѕвезди, составени од стотици илјади ѕвезди креирани истовремено, и наместо тоа ја подржува идејата дека тие се откинати делови од гравитацијата од поголемите галаксии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...