Вонземјани можеби комуницираат со нас со ласери

Едно од прашањата кое човештвото постојано си го поставува е дали сме сами во универзумот. Научниците имаат направено безброј студии во обид да дадат одговор, и некои од нив велат дека тој е негативен, а некои, како скорешната студија од Беркли универзитетот во Калифорнија, дека е позитивен.



Истражувачите од Беркли анализирале скенови од 5600 блиски ѕвезди од Млечниот Пат во потрага по знаци од ласерски зраци во повеќето видливи бранови должини, кои биле направени од Кек телескопот во Хаваи помеѓу 2004-та и 2016-та.

Истражените ѕвезди се претпоставува дека се „домаќини“ на околу 2000 планети слични на Земјата во големина и температура, на кои теоретски би можеле да се развијат и опстојат вонземски форми на живот. За жал, дури и доколку тоа да се имало случено, ниедна од тие форми немаат пратено сигнали од оптички ласери кон нас.

Се разбира, недостатокот на докази не го негира постоењето на вонземски живот – можно е да таквите цивилизации сè уште не се доволно напредни за да користат ласери, или пак доколку ги имаат, не ги користат за интеракција со други светови.



Исто така, бројката во студијата претставува екстремно малечок дел од нашата галаксија. Колку за споредба, во неа има околу 300 билиони ѕвезди, од кои скоро 9 билиони имаат планети слични на Земјата кои орбитираат околу нив.

Истражувачите велат дека поголема студија на меѓуѕвездени ласерски сигнали ќе биде изведена од Breakthrough Listen Initiative, најголемиот научен истражувачки програм чија цел е да пронајде доказ за постоење на вонземски цивилизации.

10 годишната студија ќе истражува 1 милион најблиски до нас ѕвезди од Млечниот пат, вклучувајќи ги и оние од типот кафени џуџиња – кои не биле вклучени во студијата од Беркли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...