Бинарен ѕвезден систем чиј дел е ѕвезда полна со калциум

Пред скоро 2000 години, првата супернова документирана од луѓе била набљудувања од кинеските астрономи, кои биле сведоци на “гостинска“ ѕвезда која го осветлувала ноќното небо во 185-тата година.

Неколку милениуми подоцна научниците нуделе разни објаснувања што го овозможило подемот на RCW 86 (која е остаток од супернова), а сега тим астрофизичари смета дека суперновата (експлозијата на ѕвездата) била предизвикана од една половина од бинарен ѕвезден систем кој експлодирал, испукувајќи кон неговиот соларен партнер мноштво тешки елементи, вклучувајќи го и калциумот.

Во една претходна студија, Василиј Гвараманџе од државниот универзитет Ломоносов во Москва хипотетизирал дека крушковидниот облик на RCW 86 е резултат на експлозија на супернова близу работ на „меурот“ која предизвикала “ѕвезден меур од ветар“.

Користејќи податоци од Опсерваторијата Чандра, тој успеал да детектира неутронска ѕвезда наречена [GV2003] N за која се сметало дека е остаток по суперновата која ја создала RCW 86.

Суперновите се создаваат кога ѕвездата ќе го потроши нуклеарното гориво пред крајот на нејзиниот живот и ќе почне да си го консумира јадрото, што води до огромна експлозија која резултира или со неутронска ѕвезда или со супермасивна црна дупка.

Во овој случај се сметало дека суперновата ја создала [GV2003] N, но имало еден проблем – неутронските ѕвезди треба да се исклучително бледи, но истражувањата во 2010-та покажале дека ѕвездата на позиција на [GV2003] N била исклучително сјајна.

За да се одреди нејзината природа, била искористена 7-канална оптичка/близу-инфрацрвена камера GROND, поставена на 2.2 метарскиот телескоп на ESO (European Southern Observatory/Eвропската Јужна Опсерваторија), која дала уште по конфузни резултати – иако светлината индицирала дека се работи за G-тип на ѕвезда како нашето Сонце, таа произведувала премногу X-зраци за таков тип на ѕвезда.

Логичниот заклучок бил дека не се работи за само една ѕвезда, туку за бинарен систем составен од неутронска ѕвезда [GV2003] N видлива само со X-зраци, и ѕвезда од G-тип видлива и во оптичките бранови должини.

Тоа значи дека суперновата била дел од драматичната фаза во еволуцијата на овој бинарен систем, каде една од ѕвездите експлодирала расфрлајќи тешки елементи, оставајќи 6 пати повеќе калциум во атмосферата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...