Бран од врел гас низ вселената

Научници откриле огромен бран од ултра-врел гас како се движи низ галактичкото јадро Персеј.

Неговиот пречник е околу 200 000 светлосни години, дупло поголем од големината на нашата галаксија т.е Млечниот Пат, а истражувачите сметаат дека ова е најголемиот бран било кога откриен во познатиот универзум, и најверојатно се движи низ вселената веќе милијарда години.

Се работи за бран од типот Келвин-Хелмхолц, кој се оформува кога две течности кои патуваат со различна брзина ќе се разминат. Најпознат пример за овој тип на бранови се прекрасните „превиткани“ бранови кои се рушат врз самите себе на плажите, како резултат од ветерот кој дува врз површината на океаните.

Но, Келвин-Хелмхолц брановите се откриени како пулсираат и низ нашата атмосфера, како и на другите планети и површината на Сонцето.

Користејќи податоци од Chandra опсерваторијата на NASA, истражувачите сега пронашле нови докази за најмасивниот пример на овој тип на бранови досега.

Галактичкото јадро Персеј е лоцирано во истоименото соѕвездие кое се наоѓа на околу 240 милиони светлосни години далечина од нас, и неговата големина изнесува 11 милиони светлосни години од крај до крај. Создадено е од голем број на галаксии опкружени со масивен облак од врел гас кој е толку топол да свети само кога се набљудува со икс-зраци.

Според компјутерските симулации, тимот истражувачи сугерира дека билиони години наназад, галактичкото јадро било создадено со постуден централен регион на гас кој достигнувал температури од околу 30 милиони °C, опкружен од област со гас која била три пати потопла од тоа.

Но, тогаш помало галактичко јадро поминало покрај Персеј, предизвикувајќи мешање на овие два региони и креирајќи спирала од студен гас која се шири.

Истражувачите сметаат дека во наредните 2.5 милијарди години, гасот се раширил околу 500 000 светлосни години од центарот на јадрото, креирајќи масивни бранови кои се движат околу рабовите, стотици милиони години додека да исчезнат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...