Она што се сметало за ѕвезда блиска до Земјата е всушност планета

Кафените џуџиња се „неуспешни“ ѕвезди – објекти со маса неколкупати поголема од онаа на Јупитер, во чие јадро не успеала да започне нуклеарна фузија. Како такви, тие се наоѓаат помеѓу ѕвезда и џиновска планета од гас.

Научниците од научниот институт Карнеги во Вашингтон откриле дека објект наречен SIMP0136 кој се наоѓа на 21 светлосна година од нас и има маса за 13 пати поголема од онаа на Јупитер е најверојатно планета, а не ѕвезда од типот на кафено џуџе како што тоа досега се сметало.

Разликата е во тоа што кафените џуџиња доживуваат брзо согорување на деутериумот во нивното јадро, додека кај планетите тој процес го нема. Формирањето на двете исто така се разликува – кафените џуџиња ја креираат сопствената светлина во црвен и инфрацрвен спектар, додека планетите се релативно бледи. Џуџињата исто така се ладат во времетраење од неколку стотици милиони години по нивното формирање, па така можат да се врели како ѕвездите или студени како планетите, во зависност од нивната старост.

SIMP0136 се смета дека е слободна планета која не е „приврзана“ кон ниедна ѕвезда, туку се наоѓа во 200 милиони години стара група на ѕвезди наречени Carina-Near.

Фактот што е планета, а не ѕвезда, ќе ни помогне подобро да ги разбереме атмосферите на гигантските планети и како тие еволуираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...