Магнетен мост помеѓу галаксиите

За прв пат во историјата, научниците откриле докази за магнетно поле поврзано со простран интергалактички „мост“ кои ги поврзува двата наши најблиски галактички соседи.

Познат како Магелански Мост, овој голем „поток“ од неутрален гас се протега некои 75 000 светлосни години помеѓу галаксиите Голем и Мал Магелански Облак (LMC и SMC).

Овие два галактички соседи се наоѓаат на 160 000 и 200 000 светлосни години далечина од Земјата, и се видливи на јужното ноќно небо.

Истражувачите веќе подолг период знаеле за мостот кој постои помеѓу галаксиите, но досега се знаело многу малку за магнетното поле поврзано со него. Сега се покажало дека ова „тазе“ детектирано поле има милион пати помала моќност од заштитното магнетно поле на Земјата.

Двете опции за неговото потекло се или дека било генерирано откога галаксиите се формирале, или дека било „откинато“ од џуџестите галаксии во процесот на нивното спојување за да го формираат мостот.

Причината што досега не било возможно да се студира оваа структура е дека овие типови на магнетни полиња можат да се набљудуваат само индиректно, преку нивниот ефект врз останатите структури во вселената.

Кога радио сигналите од телескопите минуваат низ магнетните полиња, им дозволуваат на астрономите да ја измерат моќноста и поларитетот на полето.

Разбирањето како LMC и SMC еволуирале може да ни помогне во разбирањето како и нашата галаксија, т.е Млечниот Пат, ќе еволуира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...