ЈAXA ќе ги истражува сателитите на Марс

Јапонската агенција за воздухопловно истражување (Japanese Aerospace Exploration Agency – ЈАXA) наместо да ја истражува Месечината или Марс, имаат предлог за истражување на месечините на Марс. Позната како MMX (Martian Moons Exploration – Истражување на месечините на Марс), оваа мисија има во план да употреби роботско вселенско летало со кое би се истражувале површините на месечините Фобос и Дејмос, чии примероци би се вратиле назад на Земјата за анализирање.

Леталото би се лансирало некаде во 2020-тите и би имало две главни задачи. Првата би била да им помогне на научниците да го утврдат потеклото на Фобос и Дејмос, што е тема на дебата веќе подолго време, бидејќи некои веруваат дека овие месечини се астероиди „заробени“ од гравитацијата на Марс, додека други сметаат дека се креирани кога фрагменти исфрлени од Марс (како последица на удар) се споиле во поголеми форми.

Втората би се фокусирала на карактеризација на условите на и околу овие две месечини, што ги вклучува процесите на нивните површини, природата на околината во која орбитираат, како и глобалната и временска динамика на атмосферата на Марс, поточно прашината, облаците, и водените испарувања.

Според зборовите на Др. Масаки Фуџимото, професор на Институтот за вселенска и астронаутичка наука при JAXA и тим менаџер на MMX мисијата, роботското летало ќе слета на Фобос и ќе земе примероци со тежина од најмалку 10 грама од длабочина поголема од 2цм под површината на планетата. Истражувањата на Дејмос, пак, ќе бидат лимитирани со снимање фотографии при неговото надлетување.

Лансирањето на ова летало е закажано за септември 2024, бидејќи тогаш Земјата и Марс ќе бидат најблиску според орбитите. На Марс ќе пристигне до 2025-та, и во наредните 3 години ќе ги врши истражувањата по кои ќе се врати на Земјата до јули 2029-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...