NASA со мисија да го „допре Сонцето“

NASA се подготвува за историска мисија кон Сонцето која треба да се реализира помеѓу јули и август 2018-та.

Сондата која порано била наречена The Solar Probe Plus сега е преименувана во Parker Solar Probe, според астрофизичарот Јуџин Паркер кој го открил феноменот кој оваа прва во светот мисија кон некоја ѕвезда ќе го истражува.

Вообичаено, мисиите на NASA се преименуваат после лансирањето или сертификацијата, а овој пат агенцијата решила да не ги следи тие правила за да ја потенцира важноста на работата на Паркер и неговиот придонес кон хелиофизиката и вселенската наука.

Сондата ќе го истражува феноменот познат како соларен ветер, кој Паркер прв го посочил во 1958-ма. Според него, магнетизам и материја со голема брзина постојано излегуваат од Сонцето и влијаат на планетите и просторот околу него.

Бидејќи е од клучно значење сондата да се приближи што поблиску до Сонцето, таа е опремена со технологија која што тоа ќе и го дозволи. Ќе биде лансирана со помош на Delta IV ракетата во јули или август 2018-та и ќе помине 7 години доближувајќи се до него, со помош на 7 облетувања околу Венера, чија гравитација ќе ја доближи на 6 милиони километри од Сонцето. Тоа е околу 8 пати поблиску отколку што било кое друго летало досега се доближило до него.

Соларната сонда Паркер ќе ги одговори прашањата во врска со соларната физика за кои човештвото е во потрага по одговори над 6 декади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...