Решена 40-годишната мистерија на Wow! сигналот

Во 1977 научниците сметале дека за прв пат слушнале звук кој потекнува од вонземјани, кога астрономот Џери Ејман го детектирал т.н Wow! сигнал со Big Ear („Големо Уво“) радио телескопот на државниот универзитет во Охајо, детектор на радио сигнали кој тогаш бил насочен кон група на ѕвезди наречена Chi Sagitarii во соѕвездието Sagittarius (Стрелец).

Ејман тогаш детектирал наплив од радио сигнали во траење од 72 секунди, а на отпечатената анализа тоа го заокружил и до него напишал „Wow!” – од каде што потекнува името на сигналот.

Последните 40 години овој сигнал бил користен како доказ дека не сме сами во Вселената, а многумина експерти верувале дека конечно имаме доказ за вонземски живот.

Сега, Антонио Парис од колеџот во Санкт Петербург ја открил вистинската причина за сигналот – пар комети.

Овие комети познати како 266P/Christensen и 335P/Gibbs имаат облаци од водороден гас милиони километри во дијаметар околу нив. Wow! сигналот бил детектиран на фреквенција од 1420MHz, што е радио фреквенција која водородот природно ја емитира.

Истражувачи потврдиле дека во периодот кога сигналот бил детектиран, кометите биле во близина на соѕвездието и дека радио сигналите од 266P/Christensen се совпаѓале со оние од Wow! сигналот

Додека ова откритие е разочарувачко за сите оние ентузијасти кои веруваат во постоењето на вонземјани, Wow! сигналот останува најсилниот сигнал било кога примен од вселената, што е сведоштво за способноста на науката точно да ги толкува сигналите и звуците од космосот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...