Нова теорија за настанокот на Месечината

Месечината е единственото место вон нашата планета каде што луѓето стапнале, а нејзината  површина содржи разни показатели во врска со тоа како Земјата се формирала и се претворила во планетата која што ја знаеме денес.

Во суштина, формирањето на планетите е еден вид на „опстанок на најсилниот/најголемиот“. Тие се формираат во диск од гасови и вселенска прашина, од која се создаваат сфери со различна големина од кои „преживуваат“ поголемите, додека помалите се „проголтани“ од нивните соседи. Последната фаза на формирање на планетите е кога овие големи објекти ќе се судрат, а во еден ваков апокалиптичен удар е родена Месечината.

Најзастапена е теоријата дека Земјата се има судрено со Теја, планета со големина на Марс, и дека како последица на ударот од исфрлениот материјал се формирал диск од истопени карпи околу Земјата, од кои настанала Месечината. Меѓутоа, во 2012 се појавила листа на уште неколку потенцијални удари од кои таа можела да се создаде, што претставувало нова страница во планетарната наука.

Пред околу 3 години, била изработена симулација на судар на Земјата со планетарен објект, а резултатите со кои требало да се добие диск од материјал околу неа не биле добиени – напротив, симулацијата покажала дека материјалот и планетата се споиле.

Ударот кој бил симулиран толку многу ја забрзал Земјината ротација и како последица на него испариле толку многу карпи, што централното тело драматично се проширило, а неговиот надворешниот раб ротирал со скоро еднаква брзина со која би ротирале сателитите во орбитата. Ова тело била продолжена форма од јадрото на Земјата десетици илјади километри нанадвор, и било наречено Синестиа (Synestia) – според зборовите Syn што значи „заедно“ и Hestia – грчка божица на архитектурата и структурите. Синестиите се единечни тела, а не засебна планета и диск, и се нови астрофизички објекти за кои никој не претпоставувал дека постојат.

Откривањето на синестиите го променило разбирањето како нашата Земја била формирана. Многу е веројатно дека неколку пати за време на нејзиното формирање, телото од кое таа се формирала се трансформирало во издолжено и значително испарено тело, а на сличен начин со ладење и кондензирање на материјата се формирала и синестија од која настанала Месечината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...