Најекстремните планети откриени досега

Научниците постојано откриваат нови егзопланети, секоја со различни карактеристики, а последното откритие вклучува и таква чија температура е поголема од онаа на повеќето ѕвезди.

Еве ги најекстремните планети откриени досега:

1) KELT-9b – најврелата планета

Температурата на планетите зависи од близината до нивната матична ѕвезда и колку топло таа согорува. Во нашиот Сончев систем, Меркур е најблиската планета до Сонцето на далечина од 57 910 000км и нејзината температура достигнува околу 430°C, додека температурата на површината на Сонцето е 5500°C.

Ѕвездата позната како KELT-9 е 2.5 пати помасивна од сонцето, со температура од скоро 10 000°C. Нејзината планета, KELT-9b, се наоѓа многу поблиску до неа отколку Меркур до Сонцето, и орбитира околу неа за 1.5 ден. Температурата на нејзината површина изнесува дури 4300°C и е гасовит џин од типот на Јупитер.

2) Hoth – најстудената планета

Со температура од само 50 степени над апсолутната нула (-223°C), планетата чие полно име е OGLE-2005-BLG-390Lb а е позната како Hoth (според ледената планета од Star Wars филмовите) е најстудената планета досега откриена. Има маса за 5.5 пати поголема од онаа на Земјата, и најверојатно е карпеста.

3) DENIS-P J082303.1-491201 b – најмасивната планета

Ако една планета може да е врела колку ѕвезда, тогаш што е разликата помеѓу ѕвездите и планетите? Ѕвездите се многу помасивни од планетите и во нив се случуваат фузиски процеси како резултат на огромните гравитациски сили во нивните јадра. Вообичаениот тим на ѕвезди како нашето Сонце согоруваат преку фузија на водород во хелиум.

Тука се и кафените џуџиња, тип на ѕвезди кои се доволно големи за да започнат некои фузиски процеси, но не и за да ги одржат.

Планетата DENIS-P J082303.1-491201 b има маса 28.5 пати поголема од онаа на Јупитер – правејќи ја најмасивната планета во листата на егзопланети на NASA. Таа е толку масивна да научниците уште дебатираат дали се работи за планета (од типот гасовит џин) или треба да се класифицира како ѕвезда од типот кафено џуџе. Иронично, и нејзината матична ѕвезда потврдено дека е кафено џуџе.

4) Kepler-37b - најмалата планета

Само малку поголема од месечината, Kepler-37b е најмалата егзопланета досега откриена. Таа е поблиску до матичната ѕвезда отколку што Меркур е доближен до Сонцето, што значи дека нејзината температура е преголема за да таму има вода, а со тоа и можност за живот.

5) PSR B1620-26 b – најстарата планета

Оваа планета е позната како најстарата планета откриена досега, чија старост изнесува 12.7 милијарди години. Се работи за гасовит џин со маса 2.5 пати поголема од онаа на Јупитер, која е само милијарди години помлада од нашиот универзум кој е стар 13.8 милијарди години, што практично значи дека скоро отсекогаш постои како дел од него.

Таа има две матични ѕвезди кои ротираат една околу друга, и двете ги има надживеано. Едната од тие ѕвезди е неутронска, а другата е од типот бело џуџе, т.е она што останува од некоја ѕвезда која го има согорено целото свое гориво и има експлодирано во супернова.

6) V830 Tauri – најмладата планета

Планетарниот систем V830 Tauri е стар само 2 милиони години – матичната ѕвезда има иста маса како нашето Сонце но дупло поголем радиус, што значи дека сè уште ја нема постигнато финалната форма. Планетата која е гасовит џин со ¾ маса на Јупитер најверојатно сè уште расте, што значи дека ќе добива на маса преку постојано судирање со планетарни тела како астероиди кои ќе и се најдат на патеката на движење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...