Руска мисија за креирање на нова „ѕвезда“

Минатата година беше најавен Mayak, руски сателит кој ќе стане една од најсјајните тела на ноќното небо. Сега, остануваат уште некои две недели до неговото лансирање.

Малечкиот сателит е со големина на просечна векна леб, а ќе биде лансиран на 14 јули од Soyuz 2.1v леталото од космодромот Бајконур во Казахстан. Проектот воден од MAMI (московскиот државен универзитет за механичко инженерство) добил средства во износ од над $30 на рускиот crowdfunding сајт Boomstarter.

Штом ќе биде во орбитата на височина од околу 600км, сателитот е дизајниран да откриен гигатски соларен рефлектор во форма на пирамида. Целта на Mayak ќе биде да свети посјајно отколку било која ѕвезда на ноќното небо, а тоа ќе се постигне со рефлектор направен од полиестерскиот филм Mylar со површина од 16 метри квадратни, кој ќе биде 20 пати потенок од човечко влакно. Мисијата истовремено е и демонстрација на технологијата, за да се тестира како да се „закочат“ сателитите во орбитата, и како да се де-орбитираат.

Според претходните калкулации, Mayak треба да свети со магнитуда од околу -3.6. Тоа ќе го направи 4 по ред најсјаен објект на небото по Сонцето, Месечината, и Венера. Други извештаи пак велат дека магнитудата ќе му биде -10, што значи дека ќе биде посјаен од Венера.

Инженерите вклучени во овој проект се надеваат дека ќе ја популаризира астронаутиката и вселенското истражување во Русија, и ќе ја зголеми атрактивноста на науката и технолошката едукација кај помладите. Mayak ќе лета над многу разни локации и ќе може да биде виден од многу луѓе, а според најавите на официјалниот сајт и промотивното видео, на располагање ќе има и апликација за смартфоните која што ќе ја покажува неговата моментална локација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...