Прво на тренинг во Blue Abyss потоа на пат во Вселената

Благодарејќи на напорите на SpaceX, Blue Origin и останатите компании, на работ сме на ерата на комерцијалните вселенски летови, што значи дека наскоро обичните луѓе ќе имаат потреба да добијат инструкции во врска со справувањето со Вселената.

Затоа, во 2019, во Обединетото Кралство ќе се отвори првиот комерцијален центар за обука за вселенски летови, наречен Blue Abyss (Синиот амбис)

Конструкцијата на Blue Abyss се очекува да чини околу 150 милиони долари, и ќе вклучува разни функционални објекти дизајнирани да ја подржат екскурзијата во вселената како на цивилното население, така и на организациите. Центрифугалната база ќе ги симулира г-силите кои се чувствуваат во Вселената, а центарот ќе нуди и обука со параболични летови за да ги подготви луѓето за безстежинскиот простор на Вселената. На самата локација ќе има професионалци кои ќе вршат физички прегледи и ќе ги советуваат идните астронаути за ефектите на Вселената врз телото.

Blue Abyss ќе биде дома и на најголемиот базен во светот длабок 50 метри, кој ќе може да се адаптира за мноштвото корисници, давајќи им на нуркачите, морските истражувачи и компаниите можност да ја тестираат својата опрема која би можела да се користи на Земјата или за истражувањето на Вселената.

Овој проект е дел од обидот на Обединетото Кралство да стане индустриски лидер во комерцијалните вселенски летови, бидејќи нацијата се надева дека до 2030 ќе го зголемат сопствениот удел во глобалната светска вселенска економија од 6.5% на 10%.

Покрај центарот за обука, скоро објавениот предлог закон за Вселенската Индустрија вклучува и изградба на објекти за изградба на ракети, вселенски авиони и лансирање на сателити. Ова би му помогнало на човештвото да се спреми за ерата на вселенските летови со адаптирањето на законодавството и регулативата, кои разни земји би можеле да ги користат како законска основа на која би ги базирале сопствените закони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...