Месечината била дом на океан од магма и сонични ветришта?

Истражувачите од GSFC на NASA развиле симулација за која сметаат дека открива нови информации околу природата на Месечината и нејзините најрани години од постоењето.

Повеќе истражувачи веруваат дека Месечината се оформила кога објект со големина на Марс се судрил со Земјата пред 4.5 билиони години, формирајќи облак од истопен материјал кој подоцна коагулирал во Месечината со помош на гравитациската сила. Постоечките модели сугерираат дека Месечината по формирањето имала и сопствена атмосфера, но тимот од GSFC математички дошол до попрецизни информации во врска со неа, и како таа реагирала со површината на сателитот.

Истражувачите во овие пресметки ја додале и радијацијата од младиот сателит предизвикана од врелата магма која ја покривала неговата површина, од Земјата, и од Сонцето. Според нивниот модел, суперсоничните ветришта кои дувале преку површината од страната свртена кон Земјата, предизвикувале бранови во океанот од магма. По околу 1000 години ладење, површината на тој океан најверојатно била покриена од пловечки карпи, во кој период и атмосферата се уништила.

Новиот модел на Месечината е возбудлив бидејќи го зголемува нашето разбирање околу нејзиното формирање, како и на начинот на формирање на другите вселенски објекти, како што се егзопланетите кои можат да се споредат со Месечината во нејзините најрани години. Доколку можеме да окарактеризираме како таа изгледала, тоа може многу да ни каже за физичките механизми кои што се случуваат на егзопланетите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...