Телепортиран фотон од Земјата во орбитата

Не многу одамна, во раните 1990-ти, научниците само шпекулирале дека телепортација со користење на квантна физика би била возможна. Од тогас, процесот станал стандарден во квантните оптички лаборатории ширум светот, а минатата година два посебни тима успеале во создавањето на првата квантна телепортација надвор од лабораторија.

Сега, истражувачи од Кина тој процес го унапредиле за неколку чекора нанапред – успешно телепортирале фотон од Земјата во сателит кој орбитира на над 500км од нас.

Сателитот, наречен Мициус, има високо чувствителен фотоприемник способен да детектира квантни состојби на единечни фотони испукани од Земјата. Мициус бил лансиран за да им овозможи на научниците да тестираат разни технолошки достигнувања од квантната физика, вклучувајќи криптографија и телепортација.

Не само што тимот успеал за прв пат во историјата да го телепортира првиот објект од површината на Земјата во нејзината орбита, туку и за прв пат била креирана квантна мрежа (од сателитот до Земјата).

Инаку, претходните телепортациски експерименти помеѓу две далечни локации биле лимитирани на далечина од околу 100км, поради губитокот на фотоните во оптичките влакна.

Квантната телепортација се потпира на квантната заплетканост –ситуација каде еден сет од квантни објекти (како фотоните) се формираат во истиот момент и точка во просторот, на кој начин го делат истото постоење. Ова заедничко постоење продолжува дури и кога фотоните се одвоени, што значи дека мерењата вршени врз едниот истовремено влијаат на состојбата на другиот, без разлика на далечината помеѓу нив.

Овој линк може да се користи за пренесување на квантни информации преку „download“-ирање на информации врзани со едниот фотон преку заплетканиот линк до другиот, кој во тој случај го зема идентитетот на првиот.

Во конкретниов случај, кинескиот тим креирал заплеткан пар фотони на земјата, околу 4000 во секунда. Потоа, еден од нив бил испратен кон сателитот, додека вториот останал на земјата, за конечно фотоните на земјата и во орбитата да бидат измерени за да се потврди дека се случило нивното заплеткување.

За жал, сегашната технологија е сè уште лимитирачка, бидејќи транспортирање на било кој поголем објект е невозможно. Далечината за транспортирање не е ограничена, но бидејќи заплетканоста е кршлива, линковите меѓу објектите можат лесно да се прекинат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...