Научници од проектот Менхетен сакале да слетаат на Сатурн

Во 1960-тите, владата на САД имала таен проект наречен Орион, чија цел била во 1970-та да се слета на Сатурн, што би се овозможило преку нуклеарен пулсен погон, т.е „возење на брановите“ на нуклеарна експлозија која леталото би ја предизвикало.

Ракетата би била малку повисока од кривата кула во Пиза (60 метри), и би тежела 4000 тони, а владата толку сериозно пристапила на овој проект што биле потрошен еквивалент на денешни 85 милиони долари на неговото развивање. Причина за тоа било и што Русија тој период тукушто го лансирала Спутник, првиот вештачки сателит во светот, па така американците решиле да инвестираат милиони во вселенското истражување за да бидат први во нешто друго.

Проектот Орион се распаднал поради три главни фактори: прво, не можел да биде користен како оружје, второ, јавниот имиџ на NASA и забраната за тестирање на нуклеарни експлозии од 1963-та не би дозволиле тестирање на нуклеарна ракета со 20 луѓе во неа, а трето, поради нискиот буџет на организациите кои требало да го остварат овој проект била побарана помош од NASA, кои им дале приоритет на нивните Apollo и Saturn V мисии.


Сепак, замислата за Проектот Орион (нуклеарен погон за вселенски патувања) е возможно наскоро да се оствари бидејќи NASA има најавено користење на ракети со погон на нуклеарна фузија од мал размер.

Проектот Орион бил радикална идеја која доколку била остварена, би ги направила Спутник и спуштањето на Месечината непотребни, а бил напуштен исклучиво поради политички, а не практични причини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...