Месечината има многу повеќе вода од очекуваното

Според нови анализи на сателитските податоци, месечината најверојатно има многу повеќе вода во неа отколку што досега се сметало.

Ова неочекувано откритие им дава на научниците нови сознанија за тоа како Месечината се формирала и каква е нејзината внатрешна структура, што ќе има потенцијално огромни импликации за секоја идна лунарна мисија.

Долго време научниците сметале дека Месечината е комплетно сува, бидејќи на површината е супер-правлива без позначајна атмосфера, температурните разлики се од крајност во крајност, и нема доволно гравитација за да ги задржи молекулите вода.

Но, скорешки студии откриле неколку разни видови на лунарна вода – во 2009, NASA намерно ја срушила нивната LCROSS сонда во јужниот пол на Месечината, при што откриле воден лед во остатоците од ударот.

Овие ледени депозити се смета дека се стари неколку билиони години, заробени во постојано темните и студени пукнатини на лунарните полови. Но оваа вода не била секогаш таму – истражувачите сметале дека таа се создала низ екстремни сили како соларни ветрови кои овозможувале одредени хемиски реакции.

Астронаутите од неколку Apollo мисии исто така донеле назад геолошки примероци од разни делови на површината на Месечината, а во 2008-ма овие примероци биле повторно анализирани и во нив биле откриени траги вода заробени во малечки стаклени парчиња.

Вакви стаклени парчиња биле пронајдени во пирокластичните депозити – камени депозити со вулканско потекло од пред 100 милиони години, кога Месечината била сè уште геолошки активна, со површински вулкани.

Таквата вода, заробена во геологијата на Месечината, се смета дека била од локално потекло уште од времето кога таа сè уште била парче материја насилно откината од младата Земја.

Но, научниците не можеле да проценат дали тие стаклени парченца индицирале „влажен“ слој под правливата површина на Месечината, и за да добијат одговор на ова клучно прашање, тим истражувачи ги анализирале орбиталните податоци од индискиот лунарен орбитер Chandrayaan-1.

Користејќи ги податоците од претходно мапирани големи пирокластични депозити на површината на Месечината, лабораториската анализа од примероците од Apollo мисиите, и детален модел на температурните податоци од месечевата површина, истражувачите пронашле вулкански депозити богати со вода насекаде низ Месечината.

Некои од овие вулкански депозити се протегаат на површина од илјадници квадратни километри, а податоците покажуваат дека таму има 4 пати повеќе вода отколку што претходно се сметало.

Според научниците, овие депозити се резултат на магмата која оригинално доаѓала од длабочините на внатрешноста на Месечината, и еден ден би можеле да станат вреден ресурс за некои идни нејзини колонисти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...