За 300 000 години галактички интернет би контактирал други планети

Веќе одамна човештвото е во потрага по интелигентен живот некаде во галаксијата, како и по знаци за постоење на вонземска технологија. Доколку некои напредни форми на живот исто така се обидуваат да остварат контакт, еден ден би била возможна галактичка комуникациска мрежа.

Данкан Форган од универзитетот St.Andrews во Велика Британија создал нова симулација која покажува дека на светот ќе му требаат уште минимум 300 000 години да изгради комуникациска мрежа околу нашата галаксија (Млечниот Пат), и тоа под претпоставка дека постојат 500 или повеќе цивилизации кои технолошки се доволно напредни за да се способни да манипулираат со транзитот на нивната планета.

За да ваков вид на контакт функционира, ќе треба да конструираме релејна мрежа низ галаксијата, избегнувајќи ги пречките како ѕвездите, ѕвездената прашина, црните дупки и сл.

За да се детектираат сигнали кои би можеле да доаѓаат од вонземски форми на живот, потребно ќе биде многу среќа за се најдеме на вистинското место во вистинско време; свртени во вистинскиот правец во време кога ништо (како на пр. некоја планета) не го попречува сигналот. Бидејќи планетите предвидливо орбитираат околу ѕвездите, доколку пронајдеме некоја со интелигентен живот ќе треба да комуницираме со неа во моментот кога нејзината орбита ќе ја постави пред нејзиното сонце и таа ќе биде видлива за нас, надевајќи се дека нејзините жители ќе бидат доволно напредни (и пријателски расположени) да го променат транзитот на сопствената планета за да го прими сигналот.

Според Ави Лоеб, професор и директор на астрономскиот оддел на Универзитетот Харвард, штом некоја цивилизација е доволно напредна за да ја има технологијата да гради мегаструктури (кои би биле потребни за испраќање на сигналите), многу веројатно им и можности да ја напушти сопствената планета. Секој сигнал би патувал илјадници години во двата правци, и во тој случај неколку генерации жители на која и да е цивилизација ќе мора да имаат огромно трпение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...