NASA наскоро ќе го тестира системот за планетарна одбрана

Нашиот Сончев Систем е преполн со парчиња карпи кои се движат во различни орбити со различни брзини – сето тоа е безопасно за нас, се додека една од тие карпи не ја промени траекторијата и се судри со Земјата.

Иако се работи за апокалиптично сценарио кое има многу мали шанси да се случи, дури и ако шансите се 1 према 10 000, пожелно е да се внимава на таквите ситуации.

Сега, научниците на NASA се возбудени бидејќи конечно ќе имаат шанса да тестираат некои од нивните одбранбени системи кога еден астероид ќе прелета во близина на нашата планета во октомври.

Неговото име е 2012 TC4 и ќе не одмине на далечина од околу 6800 километри, а широк е околу 10-30 метри. Досега е едвај забележан само еднаш – кога поминал покрај Земјата во

2012 на далечина поблиску од онаа на која што се наоѓа Месечината.

Тогаш тие имале 7 дена за да го опсервираат и пресметаат кога ќе се појави повторно, и според тие податоци тоа се очекува биде на 12 октомври оваа година.

Повторното негово поминување ќе се искористи да бидат тестирани светските мрежи за детекција и следење на астероиди, со кои ќе се провери способноста за соработка помеѓу земјите како одговор на потенцијална реална закана од астероид.

Канцеларијата за координирање на планетарна одбрана (PDCO) била воспоставена минатата година, со цел да го набљудува небото за било какви објекти кои се доволно големи и доволно блиску за да претставуваат закана за планетата. Затоа истражувачите планираат да ги здружат силите со тоа што ќе вклучат мноштво опсерватории, универзитети и лаборатории ширум светот со чија помош колективно ќе се осознаат силата и ограничувањата на способностите за опсервирање на објекти кои ни се потенцијална закана.

За жал, дури и со овој координиран напор да се пронајдат вистински закани од вселената, против нив сега засега нема да бидеме способни да преземеме нешто што ќе ги елиминира. Поради тоа, некои експерти влеат дека треба што поскоро да се изградат вселенски летала кои би ги пресретнувале астероидите или пак да се направи некој вид на вселенска бомба со која што би се уништиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...