Сателити напојувани од вода – иднината на вселенските истражувања

Типично сателитите ги замислуваме како масивни конструкции за кои се потребни милиони долари да се произведат и одржуваат, но многу помалите коцкасти сателити наречени CubeSats се многу по практични, поевтини и полесни за одржување.

Последниот развој во погонот на ваквите сателити наскоро би овозможил тие да користат водени испарувања за да се движат, потенцијално правејќи ги задолжителен избор за користење во идните вселенски истражувачки мисии.

Зад овој проект со погон на вода стои тим истражувачи од универзитетот Пердју, и е наречен FEMTA погон (Film-Evaporation MEMS Tunable Array). Користи малечки капилари со дијаметар од 10 микрометри низ кои дури ни малечка лажичка вода не е способна да помине, па така со помош на малечки греачи водата се претвора во пареа која може да навлезе во капиларите и да обезбеди потисок.

Четири вакви FEMTA потиснувачи биле користени на еден CubeSat сателит со големина од 10 сантиметри, овозможувајќи му да ротира на една оска. За да може тоа да го прави на сите 3 оски, потребни ќе бидат 12. На овој начин, една ротација од 180 степени може да се заврши за помалку од минута и за нејзино напојување е потребен помалку од четвртина ват.

CubeSat сателитите претходно немале сопствен погонски систем и морале да бидат лансирани од друго летало, а биле користени за разни задачи како обезбедување на интернет сервис, фотографирање во висока резолуција, набљудување на околината како и воено надзор.

Со овој нов систем со погон на вода, тие би можеле да се користат за летање во констелации и разни истражувања кои традиционалните сателити не можат да ги прават поради нивната големина.

На сегашниот прототип можеле да се стават 4 FEMTA потиснувачи, и тој тежел 2.8 килограми, а целта е и понатаму да се намали тежината, волуменот и моќноста потребна ефективно да се користат CubeSpace во Вселената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...