NASA ќе се обиде да прави кислород од атмосферата на Марс

Најголемиот вселенски проект кој оваа генерација ќе го види е носењето на луѓе на Марс, а пред тоа да се изведе ќе треба да се овозможат разни услови.

Најочигледниот од нив е потребата за изградба на ракети и вселенски летала кои би пренесувале храна, разни стоки, како и луѓе. Ова би вклучувало и конструкција на лунарна вселенска станица која ќе служи како „отскочна даска“ за патот кон останатите делови од Сончевиот Систем.

Целта на патувањата на Марс ќе биде потенцијалната изградба на наша колонија на црвената планета, а подоцна и нејзино тераформирање – што може да потрае илјадници години, ако е воопшто возможно.

Наредниот ровер кој ќе се испрати на Марс во 2020-та год. ќе направи експеримент каде што ќе се обиде да генерира кислород од атмосферата на планетата. Она што ни е познато е дека нејзината атмосфера е поретка од онаа на Земјата, и се состои од 95.32% јаглерод диоксид, 2.7% азот, 1.6% аргон и околу 0.13% кислород. За споредба, нашата атмосфера се состои од 78% азот и 21% кислород.

Дали е воопшто возможно да се направи кислород од атмосферата на Марс? NASА имала планови за ова уште од 2014-та, и вклучува носење на некој вид микробен живот на планетата (можеби бактерија или алга), кој би ја користел почвата како гориво и би испуштал кислород како продукт. Кислородот потоа би бил складиран и би се користел за дишење, како и за создавање на гориво за повратните летови кон Земјата.

Иако сето ова звучи на научна фантастика, лабораториските експерименти покажале дека е возможно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...