Зошто сондата Касини ќе биде уништена наредниот месец?

За помалку од еден месец, ќе престанеме да добиваме нови научни податоци од Сатурн. Сондата Касини ќе го има последниот лет на 15-ти септември кога ќе се упати кон површината на планетата, што е неопходен крај за неа бидејќи претставува контаминирачки ризик за Сатурн и мора да биде уништена.

Касини мисијата си ја потпиша смртната пресуда кога ги откри солените океани под ледот на Енцелад, месечината на Сатурн, и комплексниот хемиски состав на неговата месечина Титан.

Бидејќи сондата не е прописно стерилизирана, возможно е некоја бактерија од Земјата да се „качила“ на неа кога била лансирана во 1997-ма. Иако условите во вселената во последните 20-тина години можеби биле фатални за бактериите, не смееме да ризикуваме некоја од нив (доколку се присутни на сондата) некако да си го пронајде патот до Енцелад.

На леталото исто така му снемува и гориво, па така NASA, Европската Вселенска Агенција и Италијанската Вселенска Агенција кои ја развиле мисијата Касини, заедно решиле дека најдобро би било таа да се уништи овој септември.

Последната фаза на оваа мисија е наречена „грандиозно финале“ ќе се состои од 22 орбити на сондата помеѓу Сатурн и неговите прстени. Последните 5 ќе бидат екстремно блиску до нив – само 1600км над површината на планетата.

На 11 септември, сондата ќе ја искористи гравитацијата на Титан за да навлезе во ниската орбита на Сатурн, а 4 дена по тоа ќе почне да се спушта кон него.

Касини има снимено спектакуларни фотографии од прстените и облаците на Сатурн, а нејзиниот крај ќе претставува почеток на анализата на сите податоци кои ги има собрано, со што научниците ќе се „занимаваат“ долго време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...