Елон Маск покажа слика од SpaceX вселенското одело

Минатиот викенд, Елон Маск, основачот и извршниот директор на SpaceX вети дека ќе објави фотографии од вселенското одело кое неговата компанија го развива за NASA.

Тој сега откри една од овие фотографии на неговиот Инстаграм профил и најави дека деновиве ќе следат повеќе. За првпат најавен во 2015-та, на SpaceX им требаат скоро 2 години да го претстават дизајнот.

Маск вели дека оделото на фотографијата не е модел туку е вистинско и функционално, во споредба со она кое тој го носел за потребите на фотосесијата на Vogue пред 2 години. Како што се гледа, вистинското одело е претежно бело, а не сиво како она од Vogue.

Маск признава дека било тешко да се пронајде баланс помеѓу естетиката и функцијата, но според она што можеме да го видиме тоа му успеало – дури, оделото потсетува на некои кои ги носат војниците од видео играта Halo.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on


Во поглед на функциите, Маск вели дека оделото веќе ги поминало тестовите за притисок со двоен вакуум, како и оние за мобилноста и безбедноста при слетување во океан.

SpaceX сакаат ова вселенско одело да биде спремно за планираната прва мисија со човечки екипаж закажана за 2018-та, кога двајца патници треба да полетаат на една обиколка околу Mесечината, а истото се очекува да се користи и за SpaceX мисиите под програмата за комерцијални летови со екипаж на NASA.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...