NASA дизајнира посебен ровер за Венера

NASA работи на дизајнирање на ровер кој за пресметките би користел „старовремска“ механика под интензивни услови кои би ја испржиле скоро секоја електроника.

Тој би се користел на Венера, најтоплата планета во Сончевиот Систем, чија просечна температура на површината е 462°C. Покрај тоа, притисокот на површината е за 90 пати поголем од оној на Земјата, а корозивните облаци од сулфруна киселина ја прават планетата уште толку понепристапна за класичната електроника која ја користи, на пример, Кјуриосити роверот на Марс.

Ваков ровер наменет за екстремни опкружувања (AREE – Automaton Rover for Extreme Environments) започнал да се развива уште во 2015 од механичкиот инженер Џонатан Саундер од NASA, кој вели дека комплетно механички ровер можеби би издржал до една година во услови како на Венера, што е одлично во споредба со останатите досегашни обиди.

Во 1967, Руската сонда Venera 4 била првата која успеала да испрати повратна информација до Земјата додека навлегувала во атмосферата на Венера.

Три години подоцна, Venera 7 успешно се спуштила на површината на планетата каде издржала 23 минути пред да прекине со испраќањето податоци, а во 1975 сондата Venera 9 со водено ладење успеала да преживее 53 минути, откога испратила неколку црно бели фотографии од нејзиното опкружување. Дефинитивен шампион била Venera 13, која успеала кон Земјата да испрати 14 фотографии во боја и 8 црно-бели, како и да ги анализира карпите за време на нејзиниот живот кој траел 2 часа на површината на Венера во 1982.

AREE ќе користи минимум електронски компоненти, а повеќето ќе бидат заменети со мотори кои ќе вршат пресметки и ќе бидат базирани на запчаници.

Дури и комуникацијата со Земјата би се одвивала со селективно рефлектирање на сигнали испратени од орбитер преку отворање и затворање на бленда.

Самата машина делумно би се напојувала од турбина на ветер, искористувајќи ја густата атмосфера на Венера, а за да се движи по грубиот терен ќе има гасеници слични на оние на тенковите.

За да ги истражат и останатите навидум непристапни опкружувања како хидројаглеродните езера на Титан, темните и солени океани на Европа или пак мистериозните облаци на гасовитите џинови како Јупитер, дефинитивно на научниците ќе им требаат некои луди идеи за дизајни на уредите како ровери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...