Црна дупка со маса 100 000 пати поголема од Сонцето

Астрономи од универзитетот Кеио во Јапонија откриле најголема црна дупка во нашата галаксија, која се проценува дека има маса 100 000 пати поголема од онаа на Сонцето, и е лоцирана близу центарот на Млечниот Пат.

Молекуларниот облак од гас се наоѓа на скоро 200 светлосни години од центарот на галаксијата, а му било дадено името CO–0.40–0.22*.

Истражувачите исто така забележале дека емисиите од облакот гас биле слични на оние од јадрото на Млечниот Пат, каде е лоцирана супермасивна црна дупка која испушта 500 пати послаба светлина, а која е наречена Sagittarius A и има маса за 4 милиони пати поголема од онаа на Сонцето.

Откритието на потенцијална нова црна дупка е секогаш возбудлив настан, но ова е особено важно бидејќи ни овозможува да дознаеме повеќе околу тоа како супермасивните црни дупки се формираат. Тие обично се формираат во експлозиите на суперновите, но нивната големина во тој случај е поврзана со нивните ѕвездени предци.

Тогаш како може да постојат црни дупки кои се милиони, па и билиони пати потешки од Сонцето?

Една од главните теории сугерира дека црните дупки од раниот универзум се формирале почесто бидејќи ѕвездите биле многу поголеми и согорувале низ горивото кое го имале многу побрзо. Овие црни дупки потоа се спојувале, и добивале стотици соларни маси во големината, а спојувањето продолжувало и понатаму и на тој начин настанале супермасивните црни дупки.

Тимот астрономи продолжува да ја набљудува оваа нова црна дупка, со надеж дека за една декада би биле способни да откријат како и каде се движи низ галаксијата, и дали ќе се спои со Sagittarius A.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...