Црните дупки ќе се спојат за 100 000 години со енормна експлозија

Астрономите имаат откриено пар супермасивни црни дупки чија патека на движење води кон судир толку моќен што ќе создаде гравитациски бранови кои ќе поминуваат низ времето и просторот.

Во студија објавена во журналот „Nature“, астрономите од универзитетот Колумбија објавиле дополнителни докази дека овој пар црни дупки предизвикуваат ритмични блескања на светлина која доаѓа од квазарот PG 1302-102.

Супермасивна црна дупка која е на пат да се судри со друга може да се детектира по мистериозно трепкање на квазарот – изворот на светлина создадена од црните дупки кога се движат низ гасовите и ѕвездената прашина околу нив.

Вообичаено, квазарите се осветлуваат и затемнуваат во случајни интервали, кога две црни дупки се пред судирање т.е обединување, квазарите почнуваат да трепкаат на правилни интервали – како сијалица со тајмер.

Тим воден од Метју Греам, астроном од Калифорнискиот технолошки институт, дизајнирал алгоритам кој ги одбира повторувачките светлосни сигнали од 247 000 квазари набљудувани од телескопите во Аризона и Австралија. Од 20 парови на црни дупки, тие се фокусирале на најсветлиот квазар PG 1302-102 чија светлина се зголемува за 14% секои 5 години.

Со пресметки поврзани со комбинираната и релативна маса на црните дупки од PG 1302-102, биле добиени предвидувања дека нивниот судир ќе се случи за 20 000 до 350 000 години. Најголема е веројатноста дека тоа ќе биде за 100 000 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...