Откриена планета со титаниумско небо

Астрономи за прв пат детектирале титаниум оксид во атмосфера на некоја егзопланета, што било постигнато со користење на FOR2 инструментот на VLT (Very Large Telescope) на Европската Јужна Опсерваторија.

Планетата именувана како WASP-19b е многу топла, и е еден вид на „врел Јупитер“, а се наоѓа на 1000 светлосни години од нас. Има иста маса како Јупитер, но бидејќи е многу блиску до нејзината матична ѕвезда, ја завршува орбитата околу неа за само 19 часа, што е причина за високата температура на нејзината површина, која изнесува околу 2000°C.

Кога планетата поминува пред ѕвездата, дел од светлината поминува низ нејзината атмосфера, оставајќи „отпечатоци на прсти“ во светлината која пристигнува до Земјата. Тимот астрономи успеал да ги анализира овие „отпечатоци“ и да дојде до сознание дека атмосферата на WASP-19b содржи мали количини на вода, натриум, и титаниум оксид.

Ретко сретнат на Земјата, титаниум оксидот е познат по тоа што постои во атмосферите на изладените ѕвезди, а во атмосферите на топлите планети како што е WASP-19b, тој ја апсорбира топлината. Всушност, доколку има доволно титаниум оксид во атмосферата, ќе го спречи навлегувањето, но и напуштањето на топлината од неа. Ова предизвикува термална инверзија, каде што горните делови од атмосферата се потопли од долните. Озонот има сличен ефект на атмосферата на Земјата, предизвикувајќи инверзија во стратосферата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...