Одењето на Марс e посмртоносно отколку што мислиме

NASA е решена да испрати астронаути на Марс во наредните 15 до 20 години, Кина се надева дека тоа ќе го оствари помеѓу 2020 и 2030, а нешто слично планира и Русија.

Но, студија за изложување на радијација на глувци покажала дека одењето на Марс може да биде многу повеќе опасно отколку што било кој очекувал.

Главниот проблем се космички зраци – високо енергетски атомски и субатомски честички кои ги испуштаат ѕвездите кои експлодираат, црните дупки и останатите моќни извори во Вселената.

Тие можат да ја оштетат ДНК-то, зголемат ризикот од рак, предизвикаат оштетување на очите и нервниот систем, како и на циркулацијата на крв.

Додека на Земјата од нив нè штити магнетното поле и атмосферата, на патот кон Марс астронаутите ќе немаат таква заштита.

Истражувачи од универзитетот во Невада, Лас Вегас, го истражувале овој проблем со повторно анализирање на резултатите од претходни студии на тумори кај глувците и откриле дека ризикот од рак во Вселената е двојно поголем во однос на претходните пресметки, а тоа се должи на ширењето на оштетената ДНК низ телото.

Кога некоја клетка е „удрена“ од космички зрак, дава хемиски сигнали и до останатите клетки што може да предизвика тие да мутираат во рак – домино ефект кои претходните модели на однесување на клетките не го зеле в предвид.

Затоа, вселенските агенции и приватните компании активно работат на изнаоѓање начини за што поголемо елиминирање на вселенската радијација.

Стартап компанија од Израел развива одело дизајнирано да ја апсорбира радијацијата, а научниците од NASA размислуваат за сателит кој би создавал вештачко магнетно поле околу планетата кое би спречило радијацијата да им наштети на астронаутите.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...