Пронајдена вода на Марс каде што се сметало дека не постои

Одамна е познато дека на Марс имало големи водени површини пред неколку милиони години, бидејќи нивни траги се откриени изминатите неколку години благодарејќи на разните сонди и ровери.

Сега, тим астрономи од лабораторијата за применета физика при Џон Хопкинс универзитетот пронашле големи депозити мраз на една од локациите на планетата каде тоа било најмалку веројатно.

Мразот бил откриен во областа на екваторот наречена Medusae Fossae, која се протега на неколку стотици километри. Научниците претпоставувале дека екваторот би бил премногу топол за ледот на него да остане недопрен толку долго.

Мрзот бил забележан благодарејќи на податоците од неутронскиот спектрометар на леталото Odyssey, кој ја забележува неутронската радијација која доаѓа од површината на Марс кога високо-енергетските космички зраци удираат врз неа.

Присуството на водата на Марс е многу пообилно отколку што порано сметале научниците, што е охрабрувачки факт кога ќе се земе во предвид дека се развиваат многу планово за во скоро време човечката нога конечно да стапне на оваа планета.

Исто така постои можност подземните води на Марс да носат некаков вид на микробски вонземски живот, или остатоци на живот кој некогаш тука постоел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...