Откриена необична супернова

Обично кога ѕвездата ќе стане супернова, тоа е тоа – таа е мртва. Но,  сега астрономите пронашле ѕвезда која станала супернова, го преживеала тој процес и потоа 60 дена подоцна повторно станала супернова.

Наречена iPTF14hls, суперновата била откриена во 2014-та и изгледала како и секоја друга супернова класифицирана како Type II-P.

Кај суперновите од овој вид, јадрото на масивна ѕвезда колабира во неутронска ѕвезда, испраќајќи шок бранови низ надворешниот слој богат со водород, кој потоа се исфрла во Вселената и е јонизиран од брановите. Подоцна, истиот тој се лади и рекомбинира.

Спектроскопските карактеристики на iPTF14hls биле идентични на оние на Type II-P суперновите, но по неколку месеци ѕвездата направила нешто што суперновите не го прават – повторно станала светла.

Во период од помалку од 3 години, таа се стемнувала и осветлувала најмалку 5 пати, по што научниците од Las Cumbres опсерваторијата ги испитале архивските податоци и откриле дека на потполно истата локација се имало случено експлозија во 1954-та.

Истражувачите пресметале дека оригиналната ѕвезда на iPTF14hls била голема – најмалку 50 пати помасивна од нашето Сонце и веројатно многу поголема од него.

Потенцијалното објаснување за однесувањето на оваа супернова е дека и се случил настан кој не ја уништил ѕвездата, туку само нејзиниот надворешен слој, во процес кој може да се повторува сè додека ѕвездата евентуално не колабира во црна дупка.

Ваквите експлозии досега се сметало дека постоеле само во раниот Универзум и денес веќе не би требало да постојат, а ситуацијата со iPTF14hls може да се спореди со, на пример, пронаоѓање на жив диносаурус денес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...