Група научници откриле дека испратиле детална порака до блиска планета со надеж дека ќе исконтактираат со вонземски живот и се надеваат дека наскоро ќе испратат уште една.
Проектот наречен Sónar Calling GJ273b бил воден од организацијата Sónar, со помош од METI International и институтот за вселенски студии од Каталонија (IEEC).
На 16,17 и 18-ти октомври оваа година била испратена порака преку EISCAT антената во Тромсо, Норвешка упатена кон егзопланетата GJ273b, супер-Земја скоро 3 пати поголема од нашата планета која орбитира околу ѕвездата Лујтен т.е GJ 273. Доколку некој ја прими, одговорот би пристигнал до нас за околу 25 години.
Ова се првите меѓуѕвездени пораки испратени било кога преку METI, а објавувањето на овој проект се поклопи со 43 годишнината од познатата Аресибо порака испратена кон глобуларниот кластер М13, на 25 000 светлосни години од Земјата.
Инаку, одговор од некоја од тамошните планети би пристигнал за околу 50 000 години, така што последнава иницијатива има далеку пореалистични очекувања.