Црви од Земјата би можеле да преживеат во почва на Марс

Според најновите експерименти, композицијата на почвата на Марс не би влијаела на репродукцијата на дождовните глисти.

Користејќи симулирана почва од Марс развиена од NASA, истражувачите во неа додале рукола, ѓубриво и дождовни глисти, и откриле не само дека црвите преживеале, туку и се размножувале.

Симулираната марсовска почва е исклучително важна алатка во истражувањата поврзани со идните мисии на Марс. Tаа е развиена од NASA според податоците добиени од роверите и орбитерите од Марс, а нејзината композиција е најблиску што може до вистинската марсовска почва.

Таа може да се искористи за откривање како вистинската почва на Марс ќе влијае на роверите, опремата за копање и вселенските одела, како и дали во неа би било возможно да се садат билки.

Сето ова мора да го знаеме бидејќи штом почнеме да испраќаме луѓе на црвената планета (што NASA планира да го стори во 2030-тите), ќе мора да размислуваме и за создавање на колонија,  која не би можела да се одржи без храна која би морала таму да се одгледува.

За да се одгледуваат растенија на Марс ќе мора да се создаде околина со контролирана клима која ќе ги спречи да замрзнат и која ќе ги снабдува со течна вода, како и која ќе ги заштити од радијацијата на површината на планетата која е силна поради недостаток на глобално магнетно поле. Ова би се постигнало со изградба на еден вид на стаклена градина која би била осветлена со оптички системи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...