Астероидот со форма на череп ќе се врати идната година

Во 2015-та бил откриен астероидот 2015 TB145, кој е наречен и „Halloween” астероид бидејќи при одредено осветлување и агол има форма на човечки череп, а најверојатно е мртва комета.

Првиот пат се доближил до Земјата на 31 октомври 2015 (баш за Halloween т.е „Ноќта на Вештерките“) на растојание од околу 486 000 километри, а тоа повторно ќе го стори и во 2018-та, но подоцна во годината, бидејќи орбиталниот период му изнесува 1112 дена или нешто над 3 години.

Во 2018-та ќе ни се доближи рано во ноември и ќе биде значително подалеку од минатиот пат – околу 105 пати колку што е далечината помеѓу Земјата и Месечината.

Користејќи мноштво телескопи, било утврдено дека „черепоидот“, како што некои нагалено го нарекуваат, е долг помеѓу 625 и 700 метри, со форма на делумно сплескан елипсоид.

Причината поради која што не бил забележан сè до 2015-та е дека поголемиот дел од времето го поминува зад Марс, и е навистина малечок и темен – неговото албедо, т.е светлината која ја рефлектира, е еквивалентна на парче јаглен.

Неговата орбитална ексцентричност и наклон сугерираат дека некогаш бил дел од комета која ги изгубила сите испарливи соединенија по многуте орбити околу Сонцето, а сега е само мртва карпа која лета низ Вселената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...