Црвен автомобил за црвената планета

Во септември, Елон Маск ги објави неговите планови во врска со Марс, според кои неговата компанија SpaceX ќе испрати барем два товарни лета без човечки екипаж до 2022, со мисија со екипаж во 2024.

Порано месецов, тој на Twitter објави дека товарот на инаугуративното патување кон Марс ќе биде неговиот оригинален Tesla Roadster, а сега и објави фотографии кои сведочат дека тоа навистина треба да се случи. Иако многумина сметаа (и сè уште сметаат) дека се работи за некаква шега.

На неколкуте фотографии објавени на неговиот Инстаграм профил се гледа возилото во вишна-црвена боја поставено на рампа во Falcon Heavy ракетата.

Како што Елон објаснува во неговиот пост, товарот во тест летовите на новите ракети обично се состои од бетонски или челични блокови за да се симулира масата која ракетите ќе ја носат за време на летот, но во случај на првиот лет на Falcon Heavy ракетата, тоа му се чинело екстремно досадно.

Затоа, решил товарот да биде новиот Tesla Roadster, во кој ќе свири песната Space Oddity на Дејвид Боуви.

Голем дел од порталите, но и експертите од научниот свет сè уште не се сигурни дали се работи за добро осмислена шега на Елон или за вистина, па велат дека ќе поверуваат дури откога ќе ја видат ракетата да полета со Tesla Roadster-от во неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...