Епски вселенски настани кои нè очекуваат во 2018-та

Во Вселената, постојано се откриваат и гледаат прекрасни работи, а еве кои од нив ќе ги натераат научниците и астрономите да ги вперат очите и инструментите кон ѕвезденото небо во 2018-та:

1) Еклипси (помрачувања)



Во 2018-та нема да имаме тотална соларна еклипса како годинава, но ќе има три делумни соларни и две тотални лунарни еклипси кои ќе можат да се набљудуваат од разни места во светот.

31 јануари – тотална лунарна еклипса видлива од Австралија, Северна Америка, источна Азија и Тихиот Океан

15 февруари – делумна соларна еклипса видлива од делови од Антарктикот, Чиле и Аргентина

13 јули – делумна соларна еклипса видлива од Антарктикот и најсеверниот дел од Австралија

27 јули – тотална лунарна еклипса видлива од поголемиот дел на Европа, Африка, западна и централна Азија, и јужна Австралија

11 август – делумна соларна еклипса видлива од североисточна Канада, Гренланд, Северна Европа и североисточна Азија

2) Метеорски дождови



Секоја година се случуваат бројни метеорски дождови, а во 2018-та  највпечатливите ќе бидат оние на 12-13 август со околу 60 метеори на час и 13-14 декември со до 120 метеори на час.

3) Црна дупка од близу



Во април годинава, мулти-телескопскиот проект наречен Телескоп на хоризонтот на настаните (Event Horizon Telescope) се обидел да ја фотографира црната дупка, каде што влечењето на објектите е толку силно што дури ни светлината, не може да му побегне.

Сè уште се чека на фотографиите од петте ноќи набљудување на Sagittarius A*, црната дупка во центарот на нашата галаксија, за кои се надеваме дека ќе бидат објавени на почетокот од 2018-та.

4) Можни понатамошни истражувања на Месечината



Последниот човек кој стапнал на површината на Месечината бил астронаутот на NASA Јуџин Сернан во 1972-ра, а за во 2018-та се планираат неколку мисии поврзани со нашиот природен сателит.

Така, Индија планира да испрати ровер на Месечината, SpaceX планираат пат до лунарната орбита со два цивили, додека Кина со Chang'e 4 и Chang'e 4 планира да ја истражува темната страна на Месечината. Се зборува и за планови на САД повторно да испратат луѓе таму, а со проектот Lunar XPrize на Google се планира испраќање на роботски ровер.

5) Научно истражување на астероиди



Оние кои беа возбудени за рандевуто помеѓу сондата Rosetta на Philae и кометата 67P/Churyumov–Gerasimenko, ќе имаат причина за слава во 2018-та бидејќи се планира слетување на два астероида.

Во јуни, леталото Hayabusa 2 на JAXA, лансирано во 2014, ќе се сретне со астероидот Ryugu, додека во август, OSIRIS-Rex на NASA ќе се сретне со астероидот Bennu, кој се наоѓа блиску до Земјата.

И двете мислии ќе се вратат со примероци од астероидите назад на Земјата – Hayabusa во 200 и OSIRIS-Rex во 2023.

6) Огномети на пулсари



Во текот на 2018-та, не се знае точно кога, еден пулсар ќе прелета многу блиску до една од најсјајните ѕвезди во нашата галаксија (со 15 пати поголема маса од онаа на Сонцето и 10 000 пати посјајна), низ диск од гас и вселенаска прашина која ја опкружува.

Кога тоа ќе се случи, ќе има експлозија на астрофизички „огномет“ кој ќе им помогне на научниците да ја измерат масата, гравитацијата, магнетното поле, ѕвездениот ветер  и карактеристиките на овој диск.

7) Ќе се испрати сонда кон Меркур



Во 2018-та, ESA и JAXA ќе лансираат заедничка мисија наречена BepiColombo, која ќе испрати сонда кон Меркур, најблиската планета до Сонцето во нашиот Сончев Систем.
Иако Меркур е на големо растојание од Земјата,  кога Вселената е во прашање, секогаш постои нешто „таму далеку“ кое можеме да го истражиме и погледнеме одблиску.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...