Пронајден живот на места кои се сметале за стерилни

Поларната ледена прекривка каде слоевите мек снег се компресираат во постојан мраз со тек на време, се верувало дека е стерилна и никаков вид на живот не би можел да се развие во неа.

Сега, резултатите од едно ново истражување го потврдуваат токму спротивното, што како резултат ги натерало научниците да се запрашаат дали и на останатите замрзнати планети кои до сега сме ги сметале за „мртви“ би можело да има некаков вид на живот .

Истражувачи од универзитетот од Јорк во Арктичките и Антарктичките региони го студирале присуството на микробите во земјата и детектирале малечки креатури чии метаболички активности оставиле уникатни обележја во ледот.

За да ги идентификува микроорганизмите, тимот студирал мали примероци од гас заробен во снегот и ги споредувал со слични примероци од снег вештачки стерилизирани со UV лампи. Во недопрениот снег, тие откриле високо ниво на метил јодид, гас кој го создаваат морските бактерии.

Типично, стерилноста на ледените покривки ги прави погодни за дознавање на античките климатски состојби, бидејќи отсутноста на микроорганизми значи дека гасовите заробени во ледот не биле променети од било каков процес неколку милениуми.

Со најновата студија, истражувачите заклучиле дека поларниот снег воопшто не е стерилен. Заробените гасови можеби биле обликувани од бактерии во процес кој може да трае и по неколку декади.

Фактот што метаболички активни бактерии се пронајдени во најсочуваниот снег и мраз отвора можности за вонземски живот на заледените планети за кои досега се сметало дека се „мртви“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...