NASA ќе испраќа дрон на површината на Титан

Со пространите океани, реки и езера од метан, Титан, најголемата месечина на Сатурн, е главен кандидат во потрагата по вонземскиот живот.

Додека сознанијата за овој објект значително се зголемија благодарение на мисијата Касини, одговорот на прашањето дали Титан е дом на примитивни форми на живот останува мистерија.

Сега, одбран од 12 други можности, квадкоптерот познат како „Dragonfly” (т.е вилинско коњче) е изборот на NASA како еден од двата финалисти на нивната следна мисија од милијарда долари. Тој би летал помеѓу разните делови на површината на Титан, студирајќи го неговиот пејсаж и можноста за постоење и развивање живот.

Другата мисија која би можела да го добие финансирањето е онаа кон кометата 67P/Churyumov-Gerasimenko, каде сонда би требало да земе парче од јадрото на кометата и да го врати на Земјата за понатамошно студирање.

Дронот напојуван од плутониум ќе зема мерки од површината на Титан, летајќи стотици километри секој лет, а се очекува на него да слета во 2034.

Многу научници ги споредиле условите на површината на Титан со условите кои можеби постоеле во раната фаза на постоењето на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...