Автономна вселенска навигација на NASA

NASA го унапреди потенцијалот за истражување на Вселената со создавање на нов вид автономна вселенска навигација.

Технологијата наречена SEXTANT (Station Explorer for X-Ray Timing and Navigation Technology) користи пулсари – ротирачки неутронски ѕвезди кои емитираат електромагнетна радијација – за да ја одреди локацијата на објектите во вселената.

Начинот на кој SEXTANT ги користи пулсарите може да се спореди со начинот на кој GPS навигацијата функционира со помош на сателитите кои орбитираат околу Земјата. Пулсарите кои SEXTANT ги користи најдобро се набљудуваат во спектарот на X-зраците, каде  зраците радијација на некој начин ги претвараат во еден вид светилници.

За да ја демонстрираат функционалноста на SEXTANT, тим инженери од NASA ја демонстрирале оваа технологија за лоцирање на NICER (Neutron-star Interior Composition Explorer / истражувач на составот на неутронските ѕвезди) опсерваторијата на NASA која има големина на машина за перење алишта и кога орбитира околу Земјата закачена на Интернационалната Вселенска Станица, со намена да ги студира неутронските ѕвезди и пулсарите.

Во ноември, NASA дала упатства на NICER да земе информации од 4 специфични пулсари користејќи ги неговите 52 телескопи со X-зраци, и потоа истите да ги испрати на SEXTANT. За 8 часа, SEXTANT бил способен автономно да ја одреди локацијата на NICER во орбитата на Земјата во радиус од 16 километри.



Од NASA велат дека SEXTANT е далеку од комплетиран и дека ќе бидат потребни уште неколку години пред да се појави негова подобра верзија, а моментално се работи на зголемување на чувствителноста на неговите инструменти, истовремено намалувајќи ја неговата големина, тежина, и потрошувачка на енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...