Кинески студенти живееле 200 дена во симулација на месечева база

Група кинески студенти доброволно поминале 200 дена во „лунарна лабораторија“, симулација во Пекинг која е дел од експеримент за тестирање на потенцијалните психолошки ефекти кои луѓето можат да ги имаат доколку живеат на Месечината.



Просторот од 160 метри квадратни кој бил дом на доброволците бил наречен Yuegong-1, или Лунарна палата. Тие 200 дена лабораторијата била запечатена од надворешниот свет, креирајќи реалистичен модел на изолација која луѓето би ја искусиле како дел од животот на Месечината.

Екипажот од два пара мажи и жени доживеал и 3 замрачувања. Првата група студенти останале во модулот 60 дена, додека втората 200. Сега, првата група се очекува да се врати на уште еден престој од 105 дена.

Додека биле во модулот, студентите користеле процес на био-ферментација за да го третираат отпадот, кој им овозможил да растат експериментални билки и зеленчук. Покрај просторот за вакви експерименти, модулот имал и места за спиење и дневен престој, па дури и за чување животни.

Иако Кина не планира да слета на Месечината во скоро време, ваквите експерименти се дизајнирани да им помогнат на научниците да ги предвидат пречките со кои луѓето би се соочиле во долгорочна мисија на Месечината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...