Успешно лансирање на Falcon Heavy со Tesla Roadster-от на Елон Маск

Од Кејп Канаверал во Флорида успешно беше лансирана ракетата Falcon Heavy на SpaceX, носејќи го Tesla Roadster личниот автомобил на Елон Маск како товар, во кој свири песната „Space Oddity” на Дејвид Боуви.

Falcon Heavy сега ја носи титулата на најмоќната ракета во светот, а лансирањето го одбележува првиот пат кога волку големо возило е испратено во вселената од комерцијална компанија.

Ракетата има 27 мотори со чија помош може да подигне околу 63 500 килограми товар во ниската земјина орбита, двапати повеќе отколку било која друга ракета. Ова моќно летало би можело да отвори мноштво нови бизнис можности за SpaceX – лансирање на тешки сателити потребни за националната безбедност или пак гoлеми модули или луѓе.

Првата мисија има намена да се види дали Falcon Heavy може да го прави она за кое што е дизајниран, а тоа е ставање на објекти во орбита, поради што и товарот е токму возилото на Елон.
Горниот дел од ракетата (кој што го носи возилото) се одвоил од останатиот, а по финалното согорување на моторите за потисок тој требало да биде поставен на траекторија која ќе го донесе близу орбитата на Марс.



Но и покрај тоа што согорувањето било успешно, траекторијата на која е сега Tesla-та ќе ја однесе подалеку – во астероидниот појас близу орбитата на џуџестата планета Церес. 

Сега кога е веќе еднаш успешно лансирана, ракетата ќе изврши уште неколку мисии оваа година. Во првата половина на 2018-та ќе го лансира големиот комуникациски сателит на Саудиска Арабија наречен Arabsat 6A,  потоа во јуни ќе однесе товар на американската авијација во вселената, а потоа ќе треба да лансира уште два дополнителни комуникациски сателити за Inmarsat и Viasat.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...