Астрономи откриле најмасовни црни дупки досега

Студија на десетици галаксии на неколку милијарди светлосни години оддалеченост од нашата открила црни дупки кои во големината ги надминале сите очекувања на научниците.

Галаксиите се градежните блокови на нашиот Универзум, а за да го разбереме нивното формирање и еволуција мораме прво да ги разбереме црните дупки.

За да се откријат, потребно е да се пронајде врската помеѓу масата на црната дупка и галаксијата која ја опкружува.

Истражувачи од Канада, Шпанија и Обединетото Кралство соработувале во студирање на 72 галаксии со радиус до 3.5 милијарди светлосни години, за да видат дали можат да откријат некаква формула во проценувањето на масата на црната дупка во нивниот центар.

За да ја проценат големината  на самите црни дупки, тие го анализирале спектарот на Икс-зраците исфрлани од неа, а потоа оваа бројка ја поврзувале со онаа од сјајноста на галаксијата.

Според таа логика, што поголема е галаксијата толку поголема треба да е и црната дупка. Но, се испоставило дека таа поврзаност не е толку едноставна, бидејќи биле откриени црни дупки далеку поголеми и помасивни отколку што биле предвидувани.

Наместо да растат во тандем со нивното опкружување, масите на црните дупки растеле побргу отколку оние на останатите ѕвезди околу нив. Околу 40% од откриените црни дупки тежеле 10 милијарди пати повеќе од масата на нашето Сонце, па и повеќе.

Моменталниот рекордер е црна дупка со маса од околу 17 милијарди сонца, а некои студии предвидуваат дека на 12.1 милијарди светлосни години од нас има и такви тешки 40 билиони соларни маси.

За ова истражувачите имаат две хипотези: или црните дупки веќе биле големи и потоа ја привлекле галаксијата околу нив, или нешто испуштаме во сегашното знаење во врска со тоа како галаксиите создаваат црни дупки.

Моментално, не постои начин да дознаеме која точно е причината за нивниот раст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Млада дама го прашува еден тукушто запознан господин:
- А вие како постанавте толку богат?
- Ах долга е тоа приказна! Почнав со еден шаблон јајца, купен од фарма, го продадов и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох...
1905.- Во Велес е роден Стефан Гајдов,...
1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и...
1994.- Весникот на албански јазик "Флака е...