Атмосфера богата со вода откриена на егзопланетата „врел Сатурн“

Британско-американски тим истражувачи со помош на Хабл и Спицер телескопите ја истражувале уникатната планета WASP-39b, позната и како „врел Сатурн“, која има маса како Сатурн, но е многу поблиску до нејзината матична ѕвезда.

Набљудувањата откриле дека и покрај тоа што истражувачите очекувале на неа да има вода, биле изненадени од количината вода која била пронајдена. Се испоставило дека нејзината атмосфера е три пати побогата со вода отколку онаа на Сатурн, факт што сугерира дека таа се формирала далеку од нејзината ѕвезда и потоа се доближила до неа.

Оваа егзопланета е лоцирана на 700 светлосни години од нас во соѕвездието Девица, а се наоѓа на 7 милиони километри оддалеченост од нејзината ѕвезда. Што е околу 20 пати поблиску отколку што Земјата е оддалечена од Сонцето. Таа постојано е свртена кон ѕвездата со едната страна на која температурите достигнуваат до 776.7°C, поголема е од Јупитер, но има маса колку на Сатурн.

Врелата атмосфера не содржи облаци на големи височини, што овозможило собирање информации во врска со количината на водата на нејзината површина.

Тимот истражувачи се надева дека ќе можат да направат уште подобри анализи со помош на Џејмс Веб вселенскиот телескоп кој треба да профункционира следната година, со што подобро би разбрале каде и како се формирала планетата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...