По 1 година во Вселената, ДНК-то на близнаците повеќе не е идентично

На 1-ви март 2016, американскиот астронаут Скот Кели се вратил на Земјата по поминати 340 дена на Интернационалната Вселенска Станица (ISS), чиј тамошен престој бил дизајниран да се тестираат границите на човечката издржливост во микрогравитациско опкружување.

Позната и како „студија за близнаците“, овој експеримент се состоел од Скот поминувајќи скоро една година во Вселената, додека неговиот идентичен брат близнак Марк останал на Земјата.

Откога Скот се вратил, двајцата биле подложени на медицински тестови за да се види какви долгорочни ефекти микрогравитацијата имала врз неговото тело. Финалните резултати кои што сега се објавени откриваат дека тој искусил промени на генетско ниво.

Според научниците кои се дел програмата за човечко истражување на NASA, Скот покажувал индикации на воспалување, промени во теломерите и теломеразите (делови од хромозомите поврзани со стареењето), намалување на густината на коските и гастроинтестинални промени.

Според мерењето на големиот број метаболити, цитокини и протеини, истражувачите дознале дека престојот во Вселената бил поврзан со стрес поради недостаток на кислород, зголемување на воспаленијата и драматични промени во внесот на хранливи материи кои влијаеле на експресијата на гените, а по враќањето на Земјата, Скот започнал процес на реадаптирање на Земјината гравитација.

Повеќето од биолошките промени кои тој ги искусил во Вселената се вратиле во состојбата која ја имале пред летот – некои за неколку часа или дена по слетувањето, додека некои се задржале и по 6 месеци.

Истовремено се истражувале и возможните геномски и когнитивни промени помеѓу двајцата браќа и било заклучено дека 93% од гените на Скот се вратиле во нормала откога се вратил на Земјата, додека останатите 7% недостасувале, додека неговите когнитивни перформанси останале непроменети (освен што биле малку намалени во брзината и точноста додека тој повторно се прилагодувал кон Земјината гравитација)

Ова било резултат на долготрајните промени во гените поврзани со неговиот имунолошки систем, поправањето на ДНК-то, хипоксијата (недостаток на кислород во ткивата) и хиперкапниата (зголемена количина на јаглерод диоксид во крвотокот)

Имајќи в предвид дека повратен пат до Марс како и времето поминато на неговата површина со помала гравитација (37.6% од онаа на Земјата) би траел неколку години, во NASA мора добро да се продготват  за патот кон Марс кој се очекува да се случи некаде во 2030-тите.

„Студијата за близнаците“ на NASA била резултат на партнерство помеѓу 10 индивидуални истраги, 12 колеџи и универзитети, биомедицинските лаборатории на NASA и конзорциумот за национални вселенски биомедицински истражувања, а таа исто така ќе биде субјект на нов документарец наречен „По една година во Вселената“ (Beyond a Year in Space).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...