Откриена галаксија без темна материја

На околу 65 милиони светлосни години далечина од Земјата се наоѓа галаксијата NGC 1052-DF2 (DF2 накратко) која е специјална бидејќи скоро воопшто нема темна материја.

Научниците никогаш директно ја немаат видено темната материја, но се верува дека постои бидејќи можеме да набљудуваме како таа влијае врз „нормалната“ материја, а се предвидува дека 27% од Универзумот е составен од неа.

Откога таа е на некој начин откриена, истражувачите претпоставувале дека е од клучно значење за формирањето на галаксиите, бидејќи таа прво се згрутчува, а потоа гравитацијата од таму ја привлекува барионичната материја формирајќи ѕвезди, планети и останати видливи објекти.

Но, откога била направена анализа на DF2, било заклучено дека таа содржи само 1/400-тина од количината темна материја која се очекувало да ја има.

DF2 е уникатна и на други начини – ги нема карактеристиките на спиралните галаксии кои типично имаат густи, централни региони, спирални „раце“ и диск, но исто така не е ни како познатите елиптични галаксии кои во центарот имаат црна дупка.

Наместо сето тоа, DF2 е ретка ултра-дифузна галаксија, и низ неа може да се видат и галаксиите кои се зад неа – таа е буквално транспарентна галаксија.

Сега засега се знае само дека DF2 е постара од 10 билиони години, но не се знае нејзината точна старост, која доколку се испостави дека е 13 билиони години, ќе ја направи најстарата галаксија било кога откриена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...