Откриено второ магнетно поле околу Земјата

Трио сателити кои го студирале магнетното поле на Земјата откриле детали околу создавање на магнетно поле создадено од плимата на океаните.

За мапирање на ова „второ“ магнетно поле допринеле и податоците собирани 4 години мисијата Swarm на Европската Вселенска Агенција (ESA), а тоа може да ни помогне да создадеме подобри модели во врска со глобалното затоплување.

Физичарот Нилс Олсен од техничкиот универзитет на Данска ги презентирал овие изненадувачки резултати на овогодинешната средба на унијата на европските геонауки, објаснувајќи како неговиот тим истражувачи успеал да го забележи ова поле со многу слаб сигнал.

Тој објаснил дека се работи за поле 20 000 пати послабо од глобалното магнетно поле на Земјата, и дека на фундаментално ниво и двете полиња се резултат на динамо ефектот создаден од наелектризираните честички потопени во течност.

Посилното магентно поле се формира од постојаното движење на истопените карпи длабоко под нас, и остава потпис во честичките во земјината кора.

Но, деталите на второто ја зачудиле публиката на собирот.

Јоните кои се раствораат во водите на океаните исто така создаваат неверојатно слабо поле како што се движат низ океанските струи и плими, а тоа било откриено благодарејќи на мисијата Swarm. Taa се состои од 3 идентични сателити лансирани во 2013, кои моментално орбитираат на височина помеѓу 300 и 530 километри, собирајќи податоци за магнетните карактеристики на планетата.

Бидејќи водата е способна да задржува значителни количини топлина, предвидувањето на способноста на нашата планета да го впива вишокот топлина заробен од гасовите се базира токму на знаењето како плимите и струите се движат во три димензии.

Новата магнетно-океанска мапа има и уште една важна апликација, а тоа е осознавање на електричните карактеристики на Земјината литосфера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...