Дијаманти од метеорит припаѓаат на изгубена планета од Сончевиот систем

Научниците откриле дека малечки дијаманти пронајдени во метеорит покажуваат знаци на потекло од изгубена планета од најраните денови на постоењето на Сончевиот систем.

Според истражувачите од École Polytechnique Fedérale de Lausanne (Федерална политехничка школа во Лозана), дијамантите од астероидот Almahata Sitta кој паднал во Нубијската пустина во октомври 2008-ма се формирале под притисок конзистентен со оној на раните протопланети од Сончевиот систем.

Постојат многу мистерии околу формирањето на планетите, но според разните истражувања се претпоставува дека процесот започнува со зрна вселенска прашина во протопланетарниот диск околу млада ѕвезда, кои благодарејќи на електростатичните сили почнуваат да се спојуваат едни со други.

Тие се групираат во сè поголеми грутки и формираат објект наречен планетесимал кој има големина помеѓу 1 и 10 километри. Планетисималите обично остануваат со таа големина, но некои од нив се спојуваат и создаваат уште поголеми објекти со големина помеѓу онаа на Месечината и Марс, со стопено јадро.

Овие објекти се наречени протопланети и се еден вид „ембриони“ од планети, а раниот Сончев систем имал стотици такви кои со тек на времето се судирале и спојувале, формирајќи ги планетите кои ги знаеме денес.

За астероидите, пак, кои сè уште лебдат низ Сончевиот систем, астрономите сметаат дека се остатоци од тие денови – од постојаните судири кои испуштале материјали назад во вселената.

Almahata Sitta кој бил следен уште додека бил во Вселената а потоа бил пронајден кога паднал на Земјата е создаден од редок вид метеорити наречени уреилити, кои содржат многу јаглерод во форма на нанодијаманти.

Истражувачите кои ги студирале овие дијаманти пронашле релативно големи кристали кои не можеле да бидат формирани од удар, ниту пак преку хемиски испарувања, а откако истите биле анализирани со електронски микроскоп и спектроскопија, било заклучено дека тие би можеле да бидат создадени исклучиво при притисоци поголеми од 20 гигапаскали – над 200 000 пати повеќе од атмосферскиот притисок.

Тука на Земјата, повеќето дијаманти се формирани на околу 4.5 гигапаскали, што значи дека резултатите на истражувачкиот тим сугерираат дека Almahata Sitta се формирал во протопланета со големина помеѓу Меркур и Марс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил Мали Ѓокица и зборувал многу безобразно (срамотно). Еден ден тој оди во училиште, а учителката ги свикала девојчињата од класот и им вели: - Девојчиња! Ако слушнете Мали...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...