НАСА финансира телескоп кој самиот ќе се составува во Вселената

Составувањето и испраќањето на телескоп во Вселената си носи ризици. Постојат илјадници работи кои можат да тргнат наопаку, секоја компонента мора да биде тестирана, а потоа и целиот телескоп да биде тестиран додека не се потврди дека сè е во ред. Потоа истиот треба да се закачи на ракета полна со течен експлозив и да се лансира во Вселената – што претставува нов, дополнителен ризик нешто лошо да се случи.

Сега NASA размислуваат за алтернатива која би можела да е помалку ризична – телескоп кој самиот може да се состави.

Идејата е да се испратат мали евтини компоненти како дополнителен товар на веќе закажаните летови во Вселената во период од неколку месеци, па до неколку години, кои потоа би биле насочени на местото каде телескопот ќе треба да се наоѓа, каде би се споиле во претходно програмиран дизајн. Компонентите би се движеле со помош на соларни едра кои потоа ќе формираат штит од сонцето во новиот инструмент.

Овој проект е развиен од Дмитри Саврански од универзитетот Корнел заедно со уште 15 други американски научници, а NASA го финансира концептот со $125 000 за да одреди дали воопшто е возможно да функционира како што е предложено.

Доколку се продолжи со втората фаза на проектот, би се правеле шестоаголни модули со големина од околу 1 метар, што значи дека целиот телескоп би бил широк повеќе од 30 метри. За споредба, Џејмс Веб телескопот чие лансирање беше одложено и треба да се случи во 2020-та, има главно огледало со пречник од 6.5 метри



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...