Откриени 6 бизарни галаксии без ѕвезди

Кога мислиме на галаксии, прво што ни паѓа на ум се огромни вртлози исполнети со ѕвезди. Но, сега астрофизичарите откриле нешто навистина чудно – галаксии од раниот универзум со многу малку или без воопшто ѕвезди во нив.

Се смета дека овие безѕвездени галаксии (познати и како темни галаксии) можеби се сè уште во раната фаза на галактичкото формирање, а според некои теоретски модели тие биле вообичаена појава во раниот универзум.



Бидејќи не содржат ѕвезди туку само материја и гасови, тие емитираат многу малку видлива светлина, што ги прави тешки за детектирање и студирање.

Тим истражувачи од ETH Zurich (Цирих) користеле комбинација од стара техника и нова технологија за да ги откријат овие 6 бизарни галаксии.

Старата техника се потпира на присуството на квазари, кои се некои од најсјајните објекти во универзумот, напојувани од супермасивни црни дупки во центрите на галаксиите. Светлината не доаѓа од самата црна дупка, туку од неверојатното триење во дискот околу дупката при нејзиното паѓање во неа. Тие ослободуваат интензивна ултравиолетова светлина, која е флуоресцентна кога се наоѓа близу водородни атоми – емисија позната како Лајман-алфа линија.

Доколку темна галаксија полна со водород има квазар во нејзиниот центар, тој ќе се однесува како еден вид на „космичка батерија“ која ќе ја осветли ултравиолетовата светлина и Лајман-алфа линијата ќе се појави во нејзиниот светлосен спектар.

За детектирање на оваа линија се користел новиот инструмент кој бил додаден во 2014 на VLT (Very Large Telescope / Многу голем телескоп) кој е дел од Европската јужна опсерваторија наречен Multi Unit Spectroscopic Explorer т.е MUSE.

Истражувачите го насочиле MUSE кон 6 квазарни полиња, студирајќи го секое по 10 часа по што биле добиени целосни спектрални информации за секој од 6-те кандидати за темни галаксии, кои биле издвоени од околу 200 емитери на Лиман-алфа линијата (кои биле нормални галаксии во кои се формирале ѕвезди).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...