Откриен меѓуѕвезден астероид што може да го посетиме

Астрономите откриле астероид во нашиот Сончев Систем кој има меѓуѕзвездено потекло и е доволно блиску да можеме да испратиме вселенско летало кон него со чија помош би го истражувале.



Објектот е наречен 2015 BZ509 или скратено BZ и за прв пат бил забележан во 2015. Минатата година, пак, било објавено дека тој дели чудна орбита со Јупитер, која е ретроградна што значи дека се движи во спротивна насока од планетата и ротацијата на Сонцето.

Сега, истражувачите од Côte d'Azur опсерваторијата во Франција објавиле студија за неговите чудни карактеристики – тие сметаат дека објектот е меѓуѕвезден астероид кој нашето Сонце го привлекло кога Сончевиот Систем се формирал пред повеќе од 4.5 милијарди години.

Тимот кој работел на студијата извршил 1 милион симулации на астероиди кои датираат од почетокот на Сончевиот Систем, од кои само 50 преживеале, повеќето од нив во орбита околу Јупитер. Со други зборови, орбитата на BZ се нема сменето веќе 4.5 милјарди години.

Сонцето е најверојатно родено во небула покрај многу други ѕвезди, во релативно густ ѕвезден кластер, а се смета и дека потеклото на BZ е токму од овој кластер, кој во нашиот систем завршил заедно со многу други астероиди кои биле отстранети од нивните матични ѕвезди.



Неговата големина е околу 3km, а за да орбитира околу Сонцето потребни му се 11.6 години. Орбитата ја дели со Јупитер, а при секоја орбита околу Сонцето која ја прават овие два објекти, BZ поминува низ гасовитиот џин.

Бидејќи се наоѓа во наша непосредна близина, еден ден на него би можело да се испрати летало што е најдобрата шанса да ја испитаме хемиската композиција на објект кој потенцијално е формиран во сосема друг ѕвезден систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...